Новиот менаџер на лоднонскиот премиерлигаш Челзи, Грахам Потер, сака во следната клупска сезона на располагање да ги има и услугите на капитенот на лутиот градски ривал Тотенхем, Хари Кејн. Наследникот на Томас Тухел е убеден дека Челзи не е доволно квалитетен кога е во прашање напаѓачката линија и затоа побара од новите сопственици да испратат официјалната понуда за Кејн која нема да биде помала од 80 мил. фунти.