Потврдени се првите случаи на коронавирус од кластерот „охридски журки на плажа“

2833

Кај три лица кои биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, им е потврден коронавирус, јави Канал 5 повикувајќи се на болнички извори.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска почнуваат и анкетите на заразените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

Инаку, за време на продолжениот викенд на социјалните мрежи од охридските плажи се споделуваа видеа на кои се гледаше како стотици млади собрани на плажа, се забавуваат без почитување на мерките.