Потврдена британската варијанта на коронавирусот во Косово

36

Вршителот на должноста министер за здравство на Косово, Арменд Земај објави дека во земјата се потврдени случаи на лица заразени од новата, таканаречена британска, варијанта на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Земај на прес-конференција попладнево информира дека од 30 примероци кои се испратени за анализа во Германија, со оглед дека Косово се уште нема капацитети за тој вид анализа, британската варијанта на вирусот е откриена во три случаи.

Изминатите денови Институтот за јавно здравство на Косово испрати 30 примероци во Берлин во Германија, со цел да се испита дали новата варијанта на коронавирусот е присутна во Косово, откако истата се откри во над 70 земји во светот. Резултатите на овие анализи покажаа дека три примероци резултираа позитивни на британската варијанта Б117, изјави Земај.

Извор:МИА