Онаму каде што застана минатата сезона, продолжи и во новата. Хаким Зијех е на мета на повеќе европски клубови и оваа зима, но Мароканецот нема намера да го напушти Ајакс, каде што игра беспрекорно.

Зијех ги воодушеви сите фанатици на фудбалската игра со своите игри минатата сезона, а е еден од најдобрите играчи на тимот од Амстердам оваа сезона. Тој имаше неколку одлични понуди во текот на летниот преоден рок, но сите ги одби и реши да остане во редовите на Ајакс.

Оваа зима Зијех се поврзуваше и со трансфер во премиерлигашот Арсенал, но како што стојат работите, нема да дојде до тоа. Мароканецот не е заинтересиран за преговори со богатите европски клубови, а изјави дека многумина претходно се обиделе да го измамат.

Очигледно, овој 26-годишен играч сака да остане во Ајакс колку што е можно подолго, иако му се нудат шанси да направи трансфер на кариерата.

-Постојат многу матни ликови во светот на фудбалот, а затоа има многу малку луѓе на кои им верувам. Ова е голема претстава која секој ден се влошува, истакна Зијех.