Постои едноставен начин да се отстрани фрлената клетва, еден збор е клучен

14424

Кога Баерн (М) ги загуби сите шанси да освои некој трофеј оваа сезона, британските медиуми почнаа да ја форсираат идејата дека славниот 30-годишен англиски фудбалер Хари Кејн е проколнат.

Имено, и покрај тоа што важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Кејн се уште нема освоено ниту еден важен трофеј, а сезонава не му помогна ниту тоа што на 45 натпревари постигна 44 гола.

После 12 години, Баерн (М) остана со празни раце, па Кејн останува да живее со надеж дека следната година нема да се повтори истиот неуспех.

Да потсетиме, Кејн својата професионална кариера ја започна во 2010 година во Тотенхем и постигна 280 гола за лондонскиот клуб.

Како и да е, новинарите на британскиот таблоид „Дејли Стар“ деновиве разговараа со Ури Гелер на тема можна магија врз Кејн, на што наводниот јасновидец одговори:

„Лесно е да се скрши проклетството. На пример, можеме да ги поканиме сите ваши читатели да се соберат во одредено време од денот. Ќе кажеме неколку зборови и клетвата речиси сигурно ќе биде укината.

Тоа во основа го направив за Дејвид Бекам и сите други фудбалери кога беа повредени. Проклетството обично се фрла врз играчот, не е вткаено во него“, изјави Гелер и предложи еден едноставен начин да се отстрани магијата:

„Предлагам да го изговорите зборот абракадабра 11 пати и да ја искористите техниката на визуелизација за да ја кренете клетвата“, истакна тој.

Да се ​​нагласи, зборот абракадабра доаѓа од Абраксас, митолошко суштество чие име се појавува во гностичките списи.

Се верувало дека буквите од неговото име претставуваат седум креативни сили или планетарни ангели. Иако првично претставувал божествена еманација, Абраксас подоцна бил прогласен за демон од христијанската црква, според Википедија.

Ури Гелер е израелско-британски илузионист кој во 1970-тите напорно се обидувал да го убеди светот дека поседува натприродни моќи и со текот на времето се нарекувал себеси психичар.