Постигнат договор меѓу германските власти и семејствата на загинатите во нападот на ОИ1972

133

Германија и семејствата на жртвите кои настрадаа во терористичкиот напад за време на Олимписките игри 1972 во Минхен постигнаа договор за обештетување, 50 години од трагичниот настан, соопшти денеска Владата во Берлин.

– Сојузната Влада го поздравува договорот со семејствата на жртвите, изјави попладнево портпаролот на владиниот кабинет Штефен Хебестрејт.

Сојузната германска Влада, како и покраината Баварија и градот Минхен ќе им исплатат 28 милиони евра на семејствата на жртвите на нападот во кој смртно настрадаа 11 израелски спортисти.

Договорот е постигнат на неколку денови пред одбележување на 50. годишнината од овој трагичен настан, единствен во историјата на Олимписките игри, кој заврши со крвопролевање по интервенција на германската специјална полиција.

Прашањето за висината на обештетувањето за кое се водеа преговори неколку децении ги разлути семејствата на жртвите, кои предлозите на германските власти ги сметаа за преслаби и се заканија дека нема да учествуваат на комеморацијата закажана за в понеделник во Баварија