Поранешниот светски рекордер во полумаратон, Кениецот Абрахам Киптум (30), е суспендиран на четири години поради кршење на антидопинг правилата, соопшти Единицата за интегритет во атлетиката (АИУ).

Киптум беше суспендиран на 26 април поради неправилности во неговиот биолошки пасош. Пасошите работат по принцип на создавање на крвен профил на спортисти и евентуална промена во допинг тестирањата која може да покаже околу употреба на недозволени супстанци.

Четиригодишната забрана започнува од тој датум, а сите негови резултати од 13 октомври минатата година, вклучувајќи го и тогашниот полумаратонски светски рекорд, се избришани.

Киптум постави светски рекорд минатиот октомври на полумаратонот во Валенсија, кога истрча време од 58 минути и 18 секунди.