Поставен првиот пункт за автоматско дезинфицирање во Гази Баба

200

Општина Гази Баба го постави првиот пункт за автоматско дезинфицирање на возилата. Тој се наоѓа на улица „Благоја Стефковски“, кај кино Маџари.

Како што информираат општинските власти, пункотот ќе биде под 24 часовен надзор од нивните служби.

Градоначалникот Борис Георгиевски апелираше до граѓаните овие системи да ги чуваат, да не бидат оштетени, бидејќи се поставени за заштита на сите.