Поставени 10 предупредувачки светлечки сообраќајни знаци во Кавадарци

86

Општина Кавадарци реализираше нов проект за подобрување на безбедноста во сообраќајот. На повеќе клучни сообраќајни точки се поставени десет предупредувачки светлечки сообраќајни знаци.

– Знаците се донација, станува збор за најсовремена ЛЕД технологија заснована на софтверско решение изработено од информатичарите во фирмата донатор која комплетно ги изработи и куќиштата на знаците со електриката и електрониката во нив, информираа од кавадаречката општина.

Знаците се програмирани да известуваат за брзината на возилата по градските улици, почнувајќи од максималната дозволена од 40 километри на час. Новите знаци имаат предупредувачка и воедно образовна улога. За возачите кои ги почитуваат правилата ќе се појавува смајли икона со насмевка, а за оние што ја пречекоруваат дозволената брзина смајлито ќе биде намуртено и гневно, во зависност од тоа колку е пречекорена дозволената брзина.