Поставени четири рекуператори за прочистување на воздухот       

152

Во спортската сала, во центарското основно училиште „Гоце Делчев“, се поставени четири нови рекуператори за прочистување на воздухот.

Од Општината Центар информираат дека со поставувањето на рекуператорите учениците ќе имаат поквалитетен и почист воздух за време на користењето на спортската сала.

– Во период на зголемено загадување на воздухот, Општина Центар продолжува со заложбите за здрава животна средина и почист и поквалитетен воздух – велат од локалната самоуправа.