Поставени пет сервисни станици за велосипеди низ Скопје

128

Во рамки на проектот „Врти безгрижно“ на АМСМ, чија цел е зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, минатата недела, на различни локации на територијата на Град Скопје, беа поставени пет сервисни станици за велосипеди.

Сервисните станици располагаат со воздушна механичка пумпа, хекс клучеви, шрафцигери, конусни клучеви и друг ситен алат за проверка и поправка на ситни дефекти на велосипеди.

Велосервисните станици се лоцирани пред АМСМ во Општина Центар, пред ТЦ „Скопје сити мол“ на улицата „Манапо“ во Општина Карпош, потоа во „Фоур“ (хотел „Парк“) на кејот во Општина Центар, како и пред хотелот „Русија“ во Општина Аеродром. Во следниот период ќе бидат поставени велосервисни станици и пред „Веро Џамбо“ во Општина Центар.