Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром

91

Деновиве Општина Аеродром постави заштитни столпчиња по должината на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром, кај кафеаната „Еквириблиум“.

– Со овој потег се става крај на непрописно паркираните возила и се овозможува непречено одвивање на сообраќајот во овој дел од Општината. Во наредниот период ќе бидат поставени околу 400 столпчиња покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки  на улиците „Методија Шаторов-Шарло“, „Трета македонска бригада“, „Пандил Шишков“,  „Фрањо Клуз“,  „1612“ и „1613“.

(Извор: Општина Аеродром)