Посолете за да ви стане послатко:Трик со научна основа, и(ли) рецепт за кафе на кој треба да му дадете шанса

81
Фото:pexels/kseniya-budko

Повеќето луѓе, доколку сакаат да додадат нешто во кафето, најчесто избираат шеќер и млеко, но и разни сирупи.

Трендот кој кружи на социјалните мрежи сугерира да додадете прстофат сол наместо лажичка шеќер во шолја кафе. Се чини дека овој трик ја отстранува горчината и открива други вкусови кои инаку би можеле да се „изгубат“.

Постои дури и научна основа за оваа необична комбинација, добро позната со децении: натриум хлоридот е исклучително ефикасен во потиснување на горчината на кафето и другите видови храна, пишува Independent.

Способноста на натриум хлоридот, осносно обичната кујнска сол, да ја потиснува горчината, научниците ја припишуваат на популарноста на солта како состојка за готвење низ историјата на човештвото.

Отстранувајќи ја перцепцијата за горчина, солта дозволува други вкусови, како што е сладоста, да се пробијат.

Истражувањето објавено во 1995 година покажа дека солта е ефикасна во маскирањето на горчината. Кога научниците измешале слатки и горчливи соединенија, додавањето сол го направила смесата посладок и помалку горчлив вкус. Но, потиснувањето не одеше во двата правци, горчливите соединенија не го потиснаа вкусот на солта.

Вообичаено е, на пример, да се посолува модар патлиџан за да се намали неговата горчина. Солењето е исто така популарна техника за намалување на горчината на бриселското зелје.

На различни места низ светот, солта најчесто се додава во кафето за да се подобри неговиот вкус. Ова е случај и во Виетнам, каде што соленото кафе се збогатува со кондензирано млеко.

Дури и членовите на американската морнарица пиеле кафе со сол за време и по Втората светска војна и откриле дека токму солта помогнала да се отстрани горчината.