После тричасовната оргија, Вокер нападнат од проститутката

978

Каил Вокер е во центарот на фудбалското внимание откако поради дружба со две проститутки ги прекршил правилата за самоизолација. Големиот скандал пред два дена беше објавен во сите англиски медиуми кои пак сега тврдат дека фудбалерот на Манчестер Сити најверојатно ќе биде исфрлен од националниот тим.

Проблематичниот дефанзивец на „граѓаните“ беше главна „ѕвезда“ и пред неколку месцеи кога ја измами својата сопруга, Ани Килнер, и тоа со нејзината најдобра пријателка. Вокер и направи дете и мораше да се разведе од сопругата, но и таа глупост не го смири.

Вокер е во уште поголеми проблеми поради Луси Мекнамара, една од ескорт дамите која беше на забавата во неговуот дом. Таа прво ги објави разголемите фотографии од фудбалерот, а потоа предизвика уште поголем скандал.

  • Работам за една агенција од Манчестер. Добив телефонски повик од сопственикот кој ми кажа дека не станува збор за обичен клиент и дека истиот бара друштво. Се упатив на дадената адреса, а таму беше уште една девојка. Бевме дочекани од пријателот на сопственикот на станот. На почетокот не знаевме за кој човек станува збор. За среќа јас имам и неколку фотографии, откри Мекнамара.

Друштво на Мекнамара и правеше една девојка од Бразил. Забавата траела повеќе од три ласа, а за нивните услуги Вокер платил околу 2500 евра. Раководните лица на Манчестер Сити потврдија дека против офанзивниот бек е покрената дисциплинска постапка поради непочитување на правилата за изолација, а фудбалерот може да добие парична казна од 270.000 евра.

Најлошо од се е што Вокер после тричасовниот маратон се огласи на Инстаграм и го замоли своите фанови на останат во својот дом и да не го шират коронавирусот.