После толку години…..Делфина-Неда Арнериќ се сретна со Диме во Битола

181

Македонскиот актер Диме Илиев и српската актерка Неда Арнериќ, познати по своите легендарни улоги во легендарниот и веројатно најпопуларниот македонски игран филм „Исправи се Делфина“, по 20 години се сретнаа повторно пред некоја вечер во Центарот за култура во Битола. Публиката која дојде да ја гледа Неда Арнериќ присуствуваше не само на театарска претстава, туку и на еден емотивен чин кој предизвика во очите солзи радосници. По иницијатива на директорката Маја Андоновска-Илиевски, која таа ја чуваше во тајност до крај на претставата, во публиката го донесе актерот Диме Илиев.
Оваа се уште популарна српска актерка Неда Арнериќ настапи во претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме”, а меѓу бројната публика во Битола беше и актерот Диме Илиев, со кого пред 43 години настапија во филмот „Исправи се Делфина“.
Средбата „без режија“ на Илиев и Арнериќ во НУ Центар за култура, битолчани ја поздравија со долготраен и емотивен аплауз. /фото:МИА/