Познатиот тениски новинар Крег О’Шенеси, говореше за еден од поразите на Шпанецот Рафаел Надал на Вимблдон. „Бикот од Мајорка“ во 2015 година беше поразен од луцидниот Дастон Браун во 3. коло со 3:1 во сетови.

Германскиот тенисер во својот бокс имаше помош и од овој новинар, задолжен за совети и стистика со кои му помогна на Браун да го добие мечот со Шпанецот.

-На крајот од тој натпревар умот на Рафаел Надал беше како кајгана. После натпреварот тоа го опишав како организиран хаос, вели О’Шенеси.

Тој истакан и дека изненадувачките потези на Браун во потполност ја промениле играта на Надал и дека тој фактор на изненадување бил клучен за поразот на двократниот шампион на турнирот во Лондон.

-Се работеше само на тоа да го збуниме, односно да не знае што може да очекува, додаде О’Шенеси.

Сепак, Браун на овој турнир беше елиминиран уште во наредното коло, откако од него беше подобар Србинот Виктор Троицки.