Последните билети за Атлетико (М) и Аталанта

71

Атлетико Мадрид го победи Локомитив Москва и стана 16-от тим кој избори пласман во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Баерн (М) беше поуспешен од Тотенхем и со максимални шест победи го освои првото место во групата.

Тежок пораз доживеаа фудбалерите на Динамо (З) од англискиот премиерлигаш Манчестер Сити. Поради триумфот на Аталанта во Украина, шампионот на Хрватска заврши на последната позиција во групата и мораше да стави крај на европската авантура.

Резултати: Динамо (З) – Манчестер С. 1:4, Шахтјор – Аталанта 0:3, Атлетико (М) – Локомотив М. 2:0, Леверкузен – Јувентус 0:2, Баерн (М) – Тотенхем 3:1, Клуб Бриж – Реал (М) 1:3, Олимпијакос – Црвена З. 1:0, ПСЖ – Галатасарај 5:0.

Табела А-група: ПСЖ 16 бода, Реал 11, Бриж 3, Галатасарај 2.
Табела Б-група: Баерн 18, Тотенхем 10, Олимпијакос 4, Црвена ѕвезда 3.
Табела Ц-група: Манчестер сити 14 бода, Аталанта 7, Шахтјор 6, Динамо Загреб 5.
Табела Д-група: Јувентус 16 бода, Атлетико Мадрид 10, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3.

Во осминафиналето од Лигата на шампионите одат двете првопласирани, додека екипите кои го освоија третото место продолжуваат во Лига Европа.