Последна шанса за Вокер

56

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање клупската иднина на офанзивниот бек, Кајл Вокер. Во последните неколку месеци репрезентативецот на Англија беше во центарот на фудбалското внимание најмногу поради глупостите кои ги правеше надвор од фудбалскиот терен. Иако се дружеше со проститутки и не беше во изолација, Гвардиола потврди дека Вокер нема да биде продаден ова лето.