По 15 години во етерот, вчера, беше емитувана последната епизода од култното реално шоу Keeping Up with the Kardashians. Откако Кардашијан почнаа со снимање на својт живот уште од 2006 година, тие станаа светски ѕвезди со милијарди долари на своите сметки, но исто така успеаја и да го променат светот.

Без разлика дали ги сакате или не, нивното влијание во општеството не може да се негира, а Би-би-си и Стандард наведоа и неколку причини поради кои ова семејство засекогаш ќе остане запишано во историјата.

„Свесно и намерно се глумеа себе си“ – вели доктор Мередит Џонс од Универзитетот Брунел во Лондон, објаснувајќи дека тој степен на автентичност ја привлекува публиката.

Дел од нивната слава и успех, како што тврди Џонс, доаѓаат токму од нивната подготвеност да се отворат пред камерите и да ја споделат својата интима со целиот свет.

Втора работа е нивната борба против трансфобијата.

Брус Џенер, таткото на Кендал и Кајли, во 2015 година излезе во јавност како Кетлин Џенер и тоа на најспектакуларен можен начин.

Кардашијан преку своето реално шоу го креираа и мислењето за женската убавина.

„Публиката се идентификува со луѓе кои се повеќе слични на нив. Да беше ова шоу полно со високи, тенки, русокоси убавици, мислам дека не би било ни приближно толку успешно“ – вели Џонс.

Иако таа признава дека Кардашијан со текот на времето многу се смениле и дека публиката почнала помалку да ги доживува како слични на себе.

„Гледачите станаа свесни дека не можат како нив да си дозволат естетски операции, лични тренери, и да го имаат сиот тој гламур секој ден“ – нагласува Мередит Џонс.

Влијанието на Кардашијан во голем дел се должи и на нивната активност на социјалните мрежи. Тие станаа пионери на самопромоцијата на социјалните мрежи и ги создадоа инфлуенсерите.

Семејството Кардашијан прво почна да заработува на своите следбеници на социјалните мрежи. Кајли и Ким се во првите 10 најплатени сметки на Инстаграм, додека Кендал, Клои и Кортни се во првите 20. Тие на своите профили почнаа да промовираат различни производи, а посебно нивните сопствени козметички и модни линии што им донесе многу пари и огромна популарност.

Кардашијан со светот ги делеа најинтимните моменти од својот сејмеен живот, а гледачите ги импресионираше тоа што тие секогаш се држеа заедно и покрај бројните кавги и недоразбирања. Пред милионскиот аудиториум тие покажаа еден поинаков неконвенционален тип на семејство со кое денес многумина се поистоветуваат.

Но, тие направија кариери и надвор од реалното шоу. Во својата анализата на „феноменот Кардашијан“, Мередит Џонс, на Ким Кардашијан и предвидува ислучително успешна кариера.

„Ким студира право и најави дека по завршувањето на студиите ќе отвори сопствена адвокатска фирма која ќе биде фокусирана на изрекувањето пресуди и реформи во затворот. Не се сомневам дека ќе биде успешна во тоа  бидејќи Ким го прави тоа што ќе каже“.

Џонс верува дека Ким Кардашијан ќе има светла иднина и во американската политика.