Поскапеа бензините и дизел горивото

80

Поскапеа горивата – и тоа дизелот за денар и половина, а бензините за денар.  Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) во понеделник одлучи дека од денеска во следните седум дена, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 76,5 денари, Еуросупер БС-98 по цена од 78,5 денари, а новата цена на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 69 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот расте за 1,103 денар/килограм и сега ќе чини 42,827 денари за килограм.

Новите повисоки цени се должат на зголемувањето на цените на светските берзи.