Посилните треба да им помогнат на послабите

44

Дитмар Хоп, сопственикот на Хофенхајм, испрати јасна порака до челниците на останатите клубови во германската Бундеслига дека мора да покажат солидарност затоа што само така ќе им се помогне на помалите кои имаат финансиски проблеми поради смртоносниот вирус COVID19.

  • Безброј мали и средни претпријатија во земјата ќе се соочат со енормни ограничувања и проблеми. Тоа важи исто и за фудбалот, дојде време на солидарност. Посилните треба да им помогнат на послабите, изјави Хоп.