Посета на ателје за рачна изработка “Хеклана”

68
Во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје, се организираше посета на студио специјализирано за рачно изработена плетена гардароба и аксесоари како и декоративни изработки во макраме техника Heklana Crochets&Knits
Лицата во трето доба имаа можност да ги разгледаат изработените модели, да прашаат и да ја видат техниката на изработка како би можеле да добијат идеја која би ја реализирале и споделиле на креативната работилница во дневните центри.
Овие работилници се од големо значење бидејќи освен што се одржува моториката , ваквите изработени парчиња во иднина ќе може да се најдат на нашите штандовите.