Посесивни и територијални: Овие хороскопски знаци сакаат да контролираат во врската

457

Кога сте во врска, по некој симпатичен знак на посесивност тука и таму, дури би ви годел, но како што минува времето, посесивноста може да се засили дури до степен да чувствувате дека партнерот ве гуши.

Астрологијата вели дека некои хороскопски знаци повеќе контролираат отколку други, па уверете се дали вие, или вашиот партнер сте меѓу нив.

БИК

Посесивноста на Бикот произлегува од неговата потреба да се чувствува сигурен, и има тенденција да стане крајно територијален. Бикот очекува апсолутна лојалност и верност од својот партнер. Сакаат скапи и луксузни работи, но не сакаат да ги споделат со друг.

СКОРПИЈА

Скорпијата е многу посесивна и склона кон контролирање затоа што тешко и е да се ослободи од чувството на сомнеж и чувството дека саканата личност ќе ја изневери. Иако знае дека тоа што го прави е погрешно, тешко и е да престане со таквото однесување бидејќи често е посилно од неа.

ЛАВ

Лавовите сакаат убави луѓе и работи и сакаат сите да им се восхитуваат. Сакаат да се фалат, а себе си не се сметаат за посесивни, па ако им го укажете тоа, ќе се налутат.

РАК

Раковите сакаат кога им се посветува внимание. Тие знаат да бидат многу напорни во љубовната врска и бараат од партнерот да го поминува секој момент со нив. Сакаат да имаат контрола над врската, а тоа може да резултира со нејзин колапс.

ЈАРЕЦ

Јарците сакаат да се фалат со сѐ што поседуваат и знаат да бидат многу горди на себе. Со задоволство ќе потенцираат дека направиле нешто и дека нешто им припаѓа. Понекогаш знаат да бидат толку посесивни и да контролираат сѐ што се случува околу нив, што неретко ги бркаат луѓето од себе.