Посебен сообраќаен режим на улицата „Востаничка“

277

Од Градот информираат дека утре и в недела на улицата „Востаничка“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, поради изведување на попречни прекопи од страна на јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекопите ќе се изведуваат во периодот од 07:30 до 16:30 часот и ќе го зафатат целиот профил на улица „Востаничка“, а возилата ќе се движат по околната сервисна улична мрежа, додека автобускиот превоз нема да се движи по улицата.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот-соопштија градските власти.