Посебен сообраќаен режим во Скопје поради автомобилски натпревар

157

Викендов од 9 до 16 часот ќе се воведе посебен режим на сообраќај во главниот град поради одржување на Меѓународниот ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Награда на Град Скопје – Водно 2019“.

Стартот на натпреварот е од улицата „Тодор Александров“ се до Средно Водно. Поради тоа Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива натпреварот.

Организатори на натпреварот се АКК Кастум Кар Реисинг Тим Скопје.