Ракометната репрезнетација на Португалија, првите два натпревари на Мундијалот, против Исланд и Јужна Кореја, ќе ги одиграат без селекторот Паоло Переира.

Имено, тој ќе мора да одработи казна за лошото однесување на крајот од последниот натпревар од олимписките квалификации против Франција. Со оглед на тоа дека тоа беше натпреварување под капата на ИХФ, како и претстојниот Мундијал, Переира нема да може да го води тимот на првите два натпревари.

Покрај Исланд и Јужна Кореја, Португалија во првата фаза ќе се сретне и со Унгарија.