Голманот на ракометниот клуб Порто и чуварот на мрежата на репрезентацијата на Португалија, Алфредо Кинтана, почина на 32 – годишна возраст како последица од срцев удар.

На Кинтана му се слоши на тренинг во понеделникот кога му беше дијагностицитан срцев удар. Лекарите дури 45 – минути го реанимираа по што беше пренесен во болница. Од тој момент беше во кома и приклучен на апарати.

Сепак, како што пишува португалскиот „Е24. pt“, а пренесува „kurir.rs“ Кинтана починал и покрај голмите напори на медицинскиот пресонал да му го спаси живото

Алфредо е роден на Куба, а од 2014 година е дел од португалската репрезентација. Тој целата сениорска кариера ја мина во дресот на Порто.

Кинтана беше еден од најдобрите ракометари на Портигалија. Неговите одлични интервенции и донесоа големи успеси на репрезентацијата на „европските бразилци“ Со Кинтана тимот на Портигалија стигна до шестото место на Европското првенство минатата година и десето место на неодамна завршеното СП во Египет.