Португалија воведе рестриктивни мерки и за вакцинирани лица

82

Португалија, една од земјите со најмногу вакцинирани жители, повторно воведе рестриктивни мерки за да го запре порастот на нови инфекции со Ковид-19, барајќи од сите патници кои пристигнуваат во земјата со авион и доколку се целосно вакцинирани, да покажат негативен влезен тест.

 „Не е важно колку е успешна вакцинацијата, мора да бидеме свесни дека влегуваме во фаза на поголем ризик“, рече премиерот Антонио Коста на денешната прес-конференција, пренесе Ројтерс.

„Имаме значителен раст (случаи) во ЕУ и Португалија не е остров“, рече тој.

Коста најави и дека оние кои се целосно вакцинирани мора да покажат негативен тест за корона вирусот за да влезат во ноќни клубови, барови, да присуствуваат на големи настани и да влезат во домовите за стари лица, а повторно воведе задолжително носење маски во затворени простории.