Во книжарницата „Буква“ на 22 септември (20.00 ч.), во рамките на Скопје Фелоушип програмата на Интернационалниот литературен фестивал “Про-за Балкан“ во Скопје, ќе биде претставен Гојко Божовиќ, повеќекратно наградуван српски поет, есеист, литературен критичар, уредник и издавач.

Три книги песни и една со есеи од Божовиќ се издадени на македонски јазик. Тој е основач и одговорен уредник на издавачката куќа „Архипелаг“ (Белград 2007) и Белградскиот фестивал на европската литература (Белград 2012). Потпретседател е и на српскиот ПЕН центар.

Заедно со Александар Прокопиев ќе разговараат и за Данило Киш, и ќе го промовираат македонскиот превод на книгата „Рани јадови“.

Во организацијата на настанот учествува и Српскиот културно-информативен центар “Спона“.