Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар, го претрпе и шестиот пораз во групната фаза од Лига на шампионите, и е се подалеку од повисок пласман од шестата позиција откако загуби на гостувањето кај Порто со 30:22.

Вардарци во пресрет на последното коло од групната фаза  на домашен терен  играат против тимот на Монпелје, додека Порто го потврди пласманот во осминафиналето и сега има бод повеќе од Вардар.

Данил Шишкарев беше единствениот константно добар кај Вардар на овој дуел, постигна вкупно седум гола од девет обиди. По три гола постигнаа Дибиров, Скубе и Калараш.

Вардар на шестото место има 11 бода, а Порто има 12 и во последното коло нашиот тим теоретски може да се пробие на петтото место, но ќе треба да го победи Монпелје, а Порто да загуби од Мешков Брест.