Кошаркарот на Денвер, Мајкл Портер Јуниор, би можел да ја пропушти целата сезона поради проблеми со повреди. Тој важеше за голем талент на американската кошарка, но неговата кариера е загрозена поради тешката повреда на грбот.

„Нагетси“ го избраа во 2018 година од 14. место на НБА драфтот и се чинеше дека работите се подобруваат и дека сепак ќе може да има долга и убава кариера.

Според „Денвер пост“, неговиот проблем со грбот може да биде сериозен и да го чини цела сезона.

Се работи за проблем со нервот, поради што го чека уште една операција која сигурно би го одвоила од паркетот на подолг период.