Поплавите се секојдневие во Индија, зошто би спречиле венчавка:Кога нема кајче, и лонец ќе заврши работа/ВИДЕО

245

На снимката се гледа како свршениците „лебдат“ низ поплавените улици, собрани заедно во тенџере додека двајца мажи, во придружба на фотограф, ги влечат по поплавената улица, пренесува лондонски „Гардијан“.

Двојката наводно позајмила тенџере од локален храм и рекле дека тоа е „единствената опција“ достапна на краток рок, објави индиската новинска агенција ПТИ.

Тие не беа попречени од поплави или лизгање на земјиштето, што однесе 27 животи за време на обилните дождови низ Керала, држава во јужна Индија, бидејќи младенците, инаку здравствени работници, не беа подготвени да го одложат својот голем настан.

Невестата и младоженецот пристигнаа здрави и суви во мал делумно поплавен храм во Талавади, каде што разменија цветни венци, што е традиција во многу хиндуистички свадбени церемонии.

„Се претвори во свадба за која никогаш не сме сонувале“, изјавила невестата за локалниот канал Азианет.

Двојката беше решена да ја продолжи церемонијата и покрај екстремните временски услови.

Извор:www.news-primer.com