Легендарниот НБА-играч, Пол Пирс, остана без работа поради несоодветно видео на социјалната мрежа Инстаграм. Имено, вториот најдобар стрелец во историјата на Бостон ги шокираше сите откако пред неколку дена објави видео на кое се забавуваше во својот дом со група луѓе меѓу кои и имаше и стриптизети. Ова немаше да биде изненадување доколку во светот не владееше корона-вирусот, каде секаде се заострени мерките.

Пирс работеше како стручен коментатор на „ЕСПН“, каде што имаше и свое шоу, но по оваа снимка, реномираната ТВ компанија експресно го отпушти.

Но, се чини дека десеткратниот Ол-стар играч сепак може да профитира. Имено, една порно-страница му понуди интересна соработка. Тие му нудат договор од дури 250.000 долари со цел да направат шоу за НБА лигата на нивната страница, во кое егзотичните танчерки би биле нејзин составен дел.

  • Почитуван Пол Пирс, ја видов веста дека ја прекинавте соработката со „ЕСПН“ откако објавивте видео со егзотични танчерки. Бидејќи сега сте невработен, сакам да ви ја понудам позицијата наш прв аналитичар во НБА. Имаме многу егзотични танчерки и сексуални работници и би ни било задоволство да го задоволиме вашиот избор за жените. Вие слободно би можеле да правите пренос на НБА додека тие тверкаат, гласи понудата за новата работа на Пирс.