Пораѓањето на жена која е во кома десет години отвори истрага за силување во болиницата

49

Полицијата во Аризона отворила истрага за случајот на жена која веќе десет години се наоѓа во вегетативна состојба, а која се породила кон крајот на декември во локалната болница.
Жената која по напад на гушење, веќе десети години во вегетативна состојба останала бремена, а на 29 ноември изминатава година и се породила.
Полицијата отворила истрага за силувањето во болницата „Хасиенда хелткеар“.
Наведено е дека персоналот во болницата не знаел дека жената е бремена се до моментот кога почнала да се пораѓа.
Портпаролката на болницата Ненси Салмон потврдила дека е во тек истрага и дека во моменот не може да даде повеќе информации.