Извесна Александра Шредер од Мичиген во САД, долго време го планирала петтиот роденден на ќерка и, ама вели дека се се претворило во катастрофа поради слаткарницата „Вајпд бејкери“.

Од оваа слаткарница Александра порачала торта во форма на еднорог и изнајмила простор за 13 луѓе. Сето тоа го платила околу 400 долари, ама вели дека слаткарницата обезбедила само една маса и шест столови.

-Ми рекоа дека гостите можат да стојат, вели разочараната жена за 19 Њуз.

Како што тврди, тортата била далеку од очекувањата.

-Рогот што излегуваше од тортата беше толку срамен! Врз него се гледаа траги од прсти и не беше златен. Кога прашав дали може да ја видам тортата пред забавата, ми рекоа дека се уште не е готова, се жали Александра која сето ова го објави и на друштвените мрежи, по што од слаткарницата ја обвинија дека нејзините гости го уништиле просторот за забави.

-Сега сешто зборуваат за мене и ме обвинуваат дека не сум платила се, а им дадов 400 долари, вели Александра и додава дека сопственикот на слаткарницата веднаш ја блокирал на Фејсбук за да не може да остави негативна рецензија.

Александра тврди дека не бара да и ги вратат парите туку дека само сака сите да знаат за нејзиното непријатно искуство.