Порано бев многу срамежлив, за се барав совет од сопругата

131

Најтрофејниот тенисер на денешницата Швајцарецот Роже Федерер, наредните две недели ќе биде пред нов тежок испит, Отвореното тениско првенство на САД.  Тој ќе се обиде повторон да се закити со титулата на овој турнир, последен пат пехарот во Њујор го подигна во 2008 година, а против себе ќе има големи конкуренти како Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тием…

Во пресрет на турнирот, кој започнува на 26 август, швајцарскиот тенисер се отвори за своето минато и срамежливоста која му претставуваше проблем на стартот од кариерата.

-Порано бев многу срамежлив, па излегувањето во јавноста беше голем проблем за мене. Поради тоа барав помош од мојата сопруга, која ме советуваше како да се облекувам и како да се однесувам пред медиумите. Денес е многу поразлично. Грешките се минато и проблемите веќе ги немам. Се чувствувам самоуверено при секое обраќање ва јавноста, рече 20 – от грен слем шампион

Федерер е лидер по бројот на грен слем трофеи, но Ѓоковиќ и Надал опасно се доближуваат до неговиот рекорд.