Поранешниот претседател на УЕФА упасен поради корупција  

135

Поранешниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА) и фудбалска легенда на Франција, Мишел Платини е уапсен поради корупција за доделување на организацијата на Светското првенство во 2022 на Катар.

Конечната одлука Мундијалот во 2022 да му се додели на Катар беше многу изненадувачка, и за многу кусо време почнаа да се шират гласини за нечесни игри при доделувањето на организацијата.

Неколку светски весници направија истражување и објавија дека СП 2022 било „купено“ а за ова помогнале тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози и тогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини.

Во Франција беше отворена истрага за корупција, а како дел од процесот е приведен токму Мишел Платини.Тој бил на распит во Париз и обвинителството решило да го смести зад решетки. На разговор бил и поранешниот близок соработник на Никола Саркози, Клод Геан. но тој е пуштен на слобода.