Поранешниот индиски претседател Пранаб Мукерџи почина од Ковид-19

29

Поранешниот индиски претседател, Пранаб Мукерџи (84), почина денеска од последиците на коронавирусот, откако неколку недели беше во болница.

Воената болница во Њу Делхи претходно соопшти дека Мукерџи претрпел септичен шок по инфекција на белите дробови.

Британските медиуми пренесоа дека неговата здравствена состојба драстично почнала да се влошува од вчера.

Во претходната администрација, сега предводена од опозициската Конгресна партија, Мукерџи беше министер за надворешни работи и за финансии и имаше пријатели од двете страни на политичкиот спектар.

Премиерот Нерендра Моди на Твитер напиша дека „Мукерџи остави неизбришлив белег на патот на развојот на земјата“, приложувајќи фотографија на која ги допира стапалата на поранешниот претседател како знак на почит.

„Тој беше исклучителен научник, врвен државник и нему му се воодушевуваа од целиот политичкиот спектар и во сите делови на општеството“, напиша Моди.