Поранешниот директор на „Старбакс“ размислува да се кандидира за претседател на САД

64

Американскиот бизнисмен, поранешен директор на Старбакс, Хауард Шулц (65) изјави дека „сериозно размислува“ да се кандидира за претседател на САД.

Шулц, кој минатата година ја напушти челната функција на Старбакс, наведе дека ја разгледува можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2020 година, како независен кандидат на центарот.

Во низата објави на Твитер тој наведе дека двете постоечки партии во САД се поделени повеќе од кога било.

– Ајде да видиме како можеме заедно да отвориме можности за поголем број луѓе, напиша Шулц на Твитер.

-Живееме во време, не само што овој претседател не е квалификуван да биде претседател, туку и двете партии не го работат тоа што е неопходно за американскиот народ, кој го застапуваат, вели тој.

Шулц поради таа најава беше критикуван од демократскиот кандидат Хулијан Кастро, оценувајќи дека поранешниот директор на „Старбакс“ со својата кандидатура би ги поделил гласовите на опозицијата и на тој начин би му овозможил на Трамп повторно да биде избран.

Шулц бил продавач на апарати за кафе, а почнал да работи во „Старбакс“ во 1982 година, кога имала само 11 продажни места за кафе.

Тој ја купил компанијата во 1987 година, а кога се повлекол од местото директор во 2018 година, таа веќе имала 28.000 кафулиња во 77 земји ширум светот.

Често зборувал за социјалната политика, имиграцијата и контролата на оружје. Бил редовен донатор на Демократската партија.