Стефан Величковски е поранешната „Ѕвездите на Гранд“, кој по учеството ја освои публиката, пред сè дома во Македонија. Тој деновиве има нова песна која веќе почна да се слуша и на оние места каде што доаѓаат младите, па и оние малку постари. Песната се вика „Остани со мене“.

„Спотот за песната е снимен во МНТ, а јас сум задоволен од снимениот материјал. Планирам да ја промовирам песната наредниот месец за Денот на виното и љубовта и мислам дека ќе усреќам многу вљубени двојки и момчиња, вели Стефан, кој често оди и во теретана бидејќи за оваа работа важно му е и како изгледа. Тој додава дека поради честите настапи не може оваа зима да си најде слободно време ниту за кус одмор. Засега е посветен само на кариерата, но не и на девојките. Вели, дека тие ќе причекаат бидејќи железото се кове додека е жешко. Музиката за оваа интересна песна е дело на синот и таткото, добро познатите Александар и Ванчо Тарабунов, а аранжманот го направи Драган Ристовски.

Од снимањето на спотот во МНТ

Д.М. /фото:ФБ/