Здравко Чолиќ сега е во среќен брак, но за неговата прва љубов, актерката Јасна Орнели Бери ретко зборува.

Но, таа ги откри деталите за нивниот однос и раскажува дека кога биле многу млади се влубиле еден во друг во Сараево.

– Секогаш дел од моето срце ќе биде резервирано за него, изјави Јасна во една емисија.

Таа во времето кога била во врска со Здравко Чолиќ била една од најубавите сараевски девојки, а пибликата ја знае како ѕвезда од следниве филмови: „На путу”, „Грбавица”, „Нафака”, но и во филмот „У земљи крви и меда” кој го има режирано Анџелина Џоли.

Здравко Чолиќ

Таа вели дека Здравко е добар човек, дека изобилува со харизма како и дека нејзе и ја посветил песната „Ноќ ми те дугује“ која самиот ја има напишано.

(М.А.)