Поранешниот возач во Формула 1, Адријан Зутил, деновиве беше во центарот на вниманието на пошироката јавноста. Зутил имаше сообраќајна несреќа во Монако и целосно го уништи својот автомобил, кој чини вистинско богатство. Поради неприлагодена брзина, тој изгубил контрола зад воланот и се удрил во столб што се наоѓал покрај патот.

Исто така удрил и во автомобил кој доаѓал од спротивната насока, но за среќа никој не е посериозно повреден во оваа несреќа.

Штетата на автомобилот е огромна, така што е јасно дека од тоа нема ништо. Тоа ќе го чини Зутил многу пари со оглед на тоа дека за овој автомобил платил неверојатни 1.5 милиони евра.

Се работи за автомобил од марката „Мекларен Сена ЛМ“ кој е еден од ретките што може да се купат. Само 24 беа направени, а Зутил беше еден од шестмината кои купија ваков автомобил на почетокот од оваа година.

Но, „Мекларенот“ не траеше долго, па за само половина година целосно го уништи.