Повеќекратниот шампион во бодибилдинг Тави Кастро, постави фотографија на социјалните мрежи со која стана предмет на потсмев кај неговите следбеници.  Поранешниот мексикански фудвалер кој има и холандски и канадски корени стави фотографија во кревет со две жени кои изгледаат како две капки вода. Еднат од нив е неговоата девојка Јанита Јанчева, а за другата напиша дека е сестра близначка на неговата поубава половина.

-Јанита Јанчева е мојата сопруга, а од другата страна е нејзината сестра близначка Софија… Таа исто така е моја сопруга. Ако не сте знаеле сега знаете, напиша Кастро под сликата поставена на Инстаграм.

Но, под оваа фотографија осамна и еден интересен коментар кој ја стави под знак прашални веродостојноста на фотографијата.

„Научете ме како и јас да работоам со фототшоп“, искоментира еден од неговите следбеници.

Меѓутоа, ваквиот коментар не ја намали популарноста на фотографијата која собра 160.000 лајкови. Пред три години Кастро и Јанчева станаа родители на девојче – Авија Кастро.