Поранешен француски министер под истрага за силување и сексуална злоупотреба

85

Обвинителството во Париз отвори истрага против поранешниот француски министер за екологија Николас Хулот, по серијата обвинувања за сексуална злоупотреба против него од страна на неколку жени.

Јавното обвинителство во петокот објави дека е покрената првична истрага за силување и сексуална злоупотреба по наводите на една жена која била малолетна во моментот на инцидентот.

Целта на истрагата била да се утврди дали се сторени кривични дела и дали е истечен рокот на застареност.

Тој ги отфрли обвинувањата Обвинувањата против Хулот (66) вчера беа изнесени во една телевизиска емисија, но тој ги отфрла. Во исто време тој најави повлекување од јавниот живот.

Инцидентите опишани од жените во нивните изјави, наводно, се случиле помеѓу 1989 и 2001 година.

Хулот поднесе оставка како министер за екологија во 2018 година, откако беа објавени наводите за злоупотреба од 1997 година.