Британскиот боксер Тајсон Фури во Лас Вегас го нокаутираше Амерканецот Дионтеј Вајлдер и со тоа го одбрани шампионскиот појас во тешка категорија, во верзијата ВБЦ. Феноменалниот британски боксер во 11. рунда брутално го нокаутира Американецот и прв пат го одбрани шампионскиот појас, а по овој меч веќе на големо се зборува за новиот нареден противник во рингот. Местото задолжителен предизвикувач го држи Дилан Вајт, кој наскоро треба да се пресмета во рингот со Ото Валин.

Својата шанса за да боксува против Фјури сака да ја искористи и поранешниот светски шампион Енди Руиз јуниор. Тој веќе го предизвика „Кралот на Циганите“ да се пресемтаат во рингот.

-Чекав меѓусебно да се елиминираат и јас да дојдам на ред. ВБЦ е појас што го сакам. Ги имав сите освен него, изјави Руиз, кој во 2019 година го нокаутираше Британецот Ентони Џошуа и стана шампион, но само неколку месеци, бидејќи во реваншот доживеа дебакл.

Меѓутоа од тимот на фантастичниот Британец, сметаат дека единствен логиочен избор е меч за апсолутен шампион во светот со Украинецот Александар Усик.

Украинецот го победи Џошуа во Лондон и ги освои шампионските појаси во четиори верзии. Токму за тие појаси е заинтересиран Фјури и неговиот тим и зато го гледаат Усик како нареден противник со кого би ги вкрстил ракавиците во рингот.

Сепак Фјури ќе мора да го почека расплетот од реванш борбата меѓу Усик и Џошуа. „Еј – Џеј“ ја активираше калузулата за раванш во догворот и сака да си ги врати појасите кои ги загуби. Од ова може да се заклучи дека Фјури може да се брои само со победникот од дуелот меѓу Џошуа и Усик.