Легендарниот НБА кошаркар Седрик Себаљос се бори за живот. Тој е сместен во една американска болница, а до компликации дојде по заразата со коронавирусот.

Кошаркарот моментно е на кислородна поддршка, а докторите воопшто не се оптимисти по неговото здравје.

Себаљос беше одличен кошаркар и остави голема трага во тимот на Лос Анџелес лејкерс и Феникс Санс, а остави и емотивна порака на друштвените мрежи.

-Веќе десет дена сум на интензивна нега, коронавирусот и официјално ме прегази. Барам од семеството, пријателите и докторите да се молат за моето здравје. Соколку некои од вас сум го навредил во минатото, јавно ви се извинувам, напиша Себаљос.

Коаркарот од Хаваи во НБА лигата влезе во 1990 година и бриљираше во дресот на Санси со кои во сезоната 1992/93 беше финалист во плеј – офот.

Тој го осови натпреварувањето во забивање во 1995 година, а во таа сезона како член на ЛА лејкерс имаше фантастични бројки од 21, 7 поени и осум скокови по натпревар.

Во својата богата професионална кариера Себаљос играше уште за тимовите на Далас Маверикс, Детроит Пистонс и Мајами Хит. Неговата професионална кариерта траше долго од 1992 па се до 2011 година.