Поранешен „вагнеровец“ им се извини на Украинците: Предоцна сфатив, ве молам не ме ме осудувајте!

103
Јутјуб скриншот

Андреј Медведев, поранешен член на руската платеничка група Вагнер, кој бара азил во Норвешка, им се извинува на Украинците кои живеат во скандинавската земја. Многу Украинци кои живеат во Норвешка се противат на неговото присуство во земјата.

„Јас сум за вас ѓубре, но ве молам сметајте дека сум свесен за тоа. Сфатив, но предоцна. Ве молам, не ме осудувајте и се извинувам“, изјави Медведев на норвешката национална телевизија НРК.

Медведев рече дека ќе се плаши за својот живот доколку се врати во Русија. Тој живее во центар за баратели на азил во Осло, откако илегално преминал во Норвешка, која има 200 километри долга граница со Русија.

Пред неколку недели избега во Норвешка

Тој го напушти Вагнер откако неговиот договор беше продолжен по периодот од јули до ноември без негова согласност. Тој рече дека е подготвен да сведочи за сите воени злосторства и негира дека учествувал во нив. Покрај тоа, тој наводно изјавил за Gulag.net дека е подготвен да каже сѐ што знае за групата и нејзиниот сопственик, Евгениј Пригожин.

Да потсетиме, Андреј Медведев побегна во Норвешка пред неколку недели, откако одби повторно да се пријави во воената група која е активна во борбите околу источните делови на Украина.