Како што појаснува директорката на Клиничкиот болнички центар „Бежанијска коса“, д-р Марија Здравковиќ, врз основа на нејзиното искуство во болницата, жените се во полоша состојба по прележување на вирусот, што најверојатно се должи поради хормоналниот статус и поради тоа што се помалку физички активни од спротивниот пол. Анализите на Институтот за јавно здравје на Македонија, од почетокот на пандемијата покажуваат дека во земјава се заразиле 149.699 мажи или 48,2% од сите позитивни случаи и 160.599 или 51,8% женски лица. Од регистрираните 9.287 смртни случаи во земјава, пак, од почетокот на пандемијата поголем број се мажи

Пандемијата со коронавирусот предизвика многу последици и кај машката и кај женската популација и во земјава, но и во регионални и светски рамки. Лекарите специјалисти често прават анализи со цел да се одговори на прашањето кој закрепнува побрзо, мажите или жените по прележување на ковид-19. Одговорот најчесто потврдува дека без разлика на полот лицата со помала телесна тежина и поголема физичка активност полесно ја поминуваат заразата со вирусот.

Директорката на Клиничкиот болнички центар „Бежанијска коса“, д-р Марија Здравковиќ, деновиве презентираше дел од незиното искуство во болницата и посочува дека жените се во полоша ситуација по прележување на вирусот. Според неа тоа најверојатно се должи заради хормоналниот статус и поради тоа што се помалку физички активни од спротивниот пол.

-Најдобро закрепнуваат луѓето кои биле во добра физичка кондиција пред прележување на ковидот. Затоа секогаш ги советуваме пациентите да размислат околу исхраната, контролата на телесната тежина и физичка активност, како и проверка на кардиолошкиот статус – подвлекува Здравковиќ.

Според оваа искусна докторка кардиолог пристапот кон пациентот во „Бежанијска коса“ е мултидисциплинарен: се вршат лабораториски анализи, кардиолошки прегледи и прегледи на пулмолози – а многу често се вклучени и ендокринолог, физијатар, ревматолог, во зависност од клиничката слика.

Пациентите кои имаат потешка слика при прележувањето на ковидот имаат и подолго закрепнување. Има луѓе кои на почетокот немале потешка клиничка слика, но ковидот се одолговлекувал и траел долго, што покажува дека можеби не реагирале на време.

Во нивната болница просечно неделно се прегледуваат од 3.500 пациенти, но некогаш повеќе од 4.000, без разлика дали се работи за итни или редовно закажани прегледи. Според неа, околу 120 од нив се пациенти кои биле упатени со сомнителна постковидна состојба. Д-р Здравковиќ посочува дека најголема грешка е веднаш да се констатира дека пациентот има постковид-синдром, а не да се исклучат посериозни болести, како што имало кај одредени случаи.

Анализите пак на Институтот за јавно здравје на Македонија, од почетокот на пандемијата покажуваат дека во земјава се заразиле 149.699 мажи или 48,2% од сите позитивни случаи и 160.599- или 51,8% женски лица. Од регистрираните 9.287 смртни случаи, поголем број се мажи.

ИЈЗ за изминативе 27 месеци регистрира 5.505 смртни случаи кај лица од машки и 3.782 кај лица од женски пол. Кај 7.307 од лицата што фатално завршиле како последици на вирусот кај повеќето дури 83,2% се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларни.

– Кај 6.076 од лицата што се не избориле со вирусот проблем биле кардиоваскуларните заболувања, потоа со дијабетес починале 2.467 наши сограѓани и 1.117 со белодробни заболувања – укажуваат од Институтот за јавно здравје и дополнуваат дека повисок е процентот на починати кај популацијата над 60 години.

Што се однесува пак кај специфичниот морбидитет, тој досега кај машките е 16.430,8 лица на 100.000 популација, а кај женските 17.350 лица на 100.000 население. Просечната возраст кај овој специфичен морбидитет и кај двата пола се движи околу 44 години.

(В.Ма.)