Туристите кои летуваат во Црна Гора се жалат на стомачни тегоби.Најверојатно станува збор за вирус поради неисправната вода за пиење но и водата во морето.

Вирусот се нанвестира со повраќање, посебно кај децата. Возрасните пак се жалат на чешање на кожата и шуга.

Проблемот со водата за капење е што на неколку места фекалии се испуштаат во морето во близина на плажите.

Најсериозна е состојбата во местото Буљарица каде фекалии како река течат по плажата.