Поради сојот Омикрон, Фаучи повика на масовна вакцинација

134

Високиот експерт на американската влада Ентони Фаучи денеска изјави дека САД се во состојба на висока готовност за новата варијанта на Ковид-19 и повика на вакцинација откако Канада ги потврди првите случаи на новиот сој омикрон.

– Нема потврдени случаи (на Омикрон), но очигледно сме во состојба на висока готовност, рече Фаучи за Добро утро Америка на Еј-Би-Си.

Фаучи, исто така, ги охрабри луѓето брзо да примат вакцини или засилувачка доза вакцини против коронавирус, наместо да чекаат фармацевтските компании да ги приспособат дозите специјално за варијантата Омикрон.

– За варијанта како оваа, иако има многу работи што не ги знаеме за неа, една работа што ја знаеме е дека вакцинираните луѓе се справуваат многу, многу подобро од невакцинираните, а особено кога ќе ја засилите (со трета доза), рече тој.

– Кога сте вакцинирани и со засилувачка доза и нивото на (антитела) значително ќе се зголеми, ќе имате одреден степен на заштита, барем од тешка форма на болеста, појасни Фаучи.

– Силно ви препорачувам сега да примите засилувачка доза, истакна американскиот експерт.